Следи нѐ
To Top

Трошоците на живот и цените во ноември пониски од лани

Трошоците на живот во ноември годинава во однос на истиот месец лани бележат намалување за 0,3 проценти, а цените на мало за 0,8 проценти, објави Државниот завод за статистика. Во однос на претходниот месец и трошоците на живот и цените на мало се повисоки за 0,1 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, порастот на индексот на трошоците на животот од 0,1 отсто во ноември 2015 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на повисоките индекси на свежиот зеленчук за 7,5 отсто, јајцата за еден отсто, другото месо и преработките од млеко за 0,7 отсто, свежата риба и шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,4 отсто, конзервираното овошје за 0,3 отсто и другите млечни производи за 0,2 отсто.

реклама

Пораст на индексот на трошоците на животот во ноември 2015 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај телефоните и факс-апаратите за 6,3 отсто, болничките услуги за 4,9 отсто, информатичката опрема за 3,5 отсто, другото образование за 1,9 отсто, обувките и дисковите, касетите, дискетите, ЦД-та, филмовите за 1,7 отсто, мебелот за 1,1 отсто, средствата за лична хигиена за 0,9 отсто, другите услуги неспомнати на друго место за 0,7 отсто, гасот за домаќинствата за 0,6 отсто, облеката и стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за домаќинствата за 0,3 отсто, материјалите за одржување и поправки на станот, услугите за одржување и поправки на станот, цврстите горива и електричните апарати-мали за домаќинствата за 0,2 отсто.

Намалување на индексот на трошоците на животот во ноември 2015 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото овошје за 11,9 отсто, конзервираната риба за 1,5 отсто, маслото и маснотиите за 1,2 отсто, сувото овошје за 0,8 отсто, конзервираниот зеленчук и свежото млеко за 0,4 отсто, лебот и житариците и другите неспомнати прехранбени производи за 0,3 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано кај опремата за спорт и кампирање за 1,7 отсто, авионскиот превоз на патници за 1,5 отсто, лековите за 0,8 отсто, течните горива за домаќинства за 0,5 отсто, течните горива и мазива за 0,3 отсто и средствата за чистење и одржување на станот за 0,2 отсто.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.