Следи нѐ
To Top

Намалена видливост поради магла на повеќе патни правци

Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патните правци во Пелагониската котлина и Дебар, на патните правци  Штип – Велес – Скопје од 50  до 80 метри, Штип – Радовиш и Штип – Неготино до 100 метри, Штип – Св.Николе – Куманово од 30 до 50 метри и Скопје – Велес од 50 до 80 метри.

 Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани, по претежно суви коловози.

реклама

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

И во наредните два дена по котлините и речните долини ќе се задржи магливост, со ниска облачност  и релативно студено време. Во среда кон крајот на денот и во четврток ќе дува умерен северен ветер, кој ќе предизвика намалување на условите за појава на магла по котлините, но и пад на температурите во останатите места.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.