Следи нѐ
To Top

Тажен крај за големата љубов на 90-годишен навивач и Арсенал

Ерни Крауч го следел Арсенал од 1934 година. Одел на секој натпревар – дома и во гости, а животот го заврши на пат кон натпревар на својот сакан фудбалски тим.

Ерни Крауч, 90-годишниот навивач на Арсенал одел на натпреварот со Сандерленд во саботата кога автобус налетал на него. Итната медицинска помош пристигнала, но Крауч веќе бил мртов.

реклама

– Сите во Арсенал сме тажни бидејќи почина нашиот доживотен навивач Ерни Крауч. Нека почива во мир, објавија Арсенал на официјалниот Твитер налог.

Пат Хејл, член на клубот навивачи на арсенал вели дека Крауч патувал на секој натпревар на Арсенал.

– Секогаш имаше место напред. Тој нема да биде со нас в недела кога ќе одиме за Бирмингем и тоа ќе биде тажно за нас. Фудбалот беше негов живот. Му вети на синот дека ќе престане да оди на гостувањата кога ќе наполни 90 години, но го видовме во Норич минатата недела, вели Хејл.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Спорт

error: Содржината е заштитена со авторски права.