Следи нѐ
To Top

ТАКСИРАТ 17:  Журкање до раните утрински часови во „Метрополис арена“ (ФОТО)

Насловна фотографија: Емилија Стојменовска / Популарно.мк

Скопје беше сведок на уште едно, овој пат 17. издание, на фестивалот Таксират. Финалето на овој фестивал беше одбележано со настап на шест исклучително квалитетни изведувачи за кои се бараше место повеќе во преполната Метрополис арена.

реклама

За енергичниот старт на фестивалот беше задолжена шведската хеви метал атракција „Сабатон“, а по нив на сцената се појавија долгоочекуваниот словенски состав „Лајбах“ кои токму на “Таксират” го претставија својот нов албум „Спектре“.

ФОТОГАЛЕРИЈА: Емилија Стојменовска / Популарно.мк

Журката продолжи со веселиот настап на Каталонците „Ла Пегатина“ кои ја размрдаа публиката, а нивниот настап, верувале или не, заврши во средината на Метрополис арената меѓу публиката.

По нив следуваше хајлајтот на вечерта, светската атракција „Ту челос“, кои иако пред само три дена имаа целосно распродаден солистички концерт во „Метрополис арена“, публиката повторно ги пречека со овации и ги повика на бис дури три пати!

DSC_0328

Следни на сцената настапија „С.А.Ф.“ кои дојдоа во полн состав и за прв пат го изведоа култниот албум „Сафизам“, во придружба на бенд, и тоа „Литл биг банд“ на џез мајсторот Тони Китановски.

За најиздржливите „таксиратлии“, журката продолжи до раните утрински часови со диџеј сетот на Британците „Модестеп“, кои со својот настап направија заокружување на целосната програма на 17. по ред издание на фестивалот Таксират, во организација на Пасворд продукција.

DSC_0361

 Само главната вечер на ТАКСИРАТ успеа да привлече околу 7000 посетители со кои заедно го прославивме затворањето на 17. едиција на фестивалот. Оваа година ТАКСИРАТ фестивал подготви многу дополнителни активности и настани на кои публиката имаше ретка прилика да се забавува. Атрактивните имиња и дополнителната програма совршено ја надополнуваа музичката понуда која се одвиваше изминативе 10 дена на три различни локации. Во некои од овие денови истовремено се одржуваа и по три различни настани, а секој од публиката на ТАКСИРАТ можеше да го пронајде своето омилено место и настан за забава или уживање.

17. издание на ТАКСИРАТ пречека скоро 60 изведувачи од над 26 земји во Европа, актуелни ѕвезди и оние кои допрва ќе блеснат на музичката сцена, а сите тие во рамки на: меѓународната ПИН музичка конференција,ЛУЗЕР ФЕСТ, концертот на РУНДЕК КАРГО ТРИО, настанот за пензионериРЕТРО МАТИНЕ, стендап шоуто ЃУРОЛОГИЈА, настаните TAKSIRAT VOLUNTEERS DAY и 20 ГОДИНИ ТЕ САКАМ, концертот на 2CELLOS и главната вечер на ТАКСИРАТ 17!

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.