Следи нѐ
To Top

Марк Цукерберг објави нова фотографија на малата Макс

Основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг на својот профил објави нова фотографија на неговата новородена ќерка Макс.

– Многу радост со малата Макс, напиша Марк под фотографијата на која лежи покрај својата ќерка.

реклама

На еден од фановите кој прашал како се мајката и бебето, Марк му одговри: „Супер се“.

Гордиот татко и мајката Присила Чан претходно на Фејбук ја објавија и среќната вест за раѓањето на нивната ќерка, а тогаш Марк најави и дека ќе земе „породилно отсуство“ од четири месеци и дека ќе донира 99 отсто од своите акции во компанијата „Фејсбук“, кои сега вредат 45 милијарди долари.

Цел на донацијата е „унапредување на животите и на другите деца и следните генерации“.

Најновата фотографија на таткото и ќерката за десет часа ја „лајкувале“ повеќе од 2,5 милиони луѓе, а повеќе од 51.000 фанови упатија најубави желби за малата Макс.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.