Следи нѐ
To Top

ФОТО: 10 познати личности од Македонија во најиновативната кампања на Мајкрософт досега

Од 10-ти до 20-ти декември социјалните медиуми во Македонија ќе бидат најинтересното, најкреативното и најиновативното катче на интернет кое ќе го разигра секојдневието на секој од нас.

Имено, овие десет дена ќе се одржува кампањата на Microsoft Macedonia за Windows 10: „10 познати. 10 дена. Windows 10“, каде 10 популарни луѓе од различи професии во Македонија, 10 дена ќе работат со новиот оперативен систем и своите иновативни и интересни коментари ќе ги објавуваат на друштвените мрежи.

реклама

Microsoft на едно место ги собра македонскиот ракометен репрезентативец и член на Вардар со кој се натпреварува во Лигата на Шампионите Стојанче Стоилов, популарниот ТВ и радио водител Димитар Атанасовски, social media гуруто Богдан Илиевски – Бетмен Велит, македонскиот „рок енд рол“ поет Дарко Лешоски, европскиот шампион на ридски патеки за 2014 и 2015 година Игор Стефановски – Иџе, актерот и вљубеник во технологијата Гораст Цветковски , ТВ водителката Снеже Велков, претставникот на фан групата на Microsoft Macedonia Иво Гиевски, еден од најдобрите студенти на ФИНКИ Наталија Најдова и победникот на квизот од наградната игра на Facebook страницата на Microsoft Macedonia, Стефан Маркоски.  

Сите тие 10 дена преку своите профили на друштвените мрежи на интересен начин ќе успеат да ни покажат кои се новитетите на Windows 10, опеативниот систем кој успеа за краток период да ги сруши сите рекорди досега. Објавите на учесниците за користењето на Windows 10 ќе бидат обединети на Facebook страницата на Microsoft Macedonija (https://www.facebook.com/MicrosoftMK/), a на друштвените мрежи нив ќе можете да ги препознаете со единствениот хаштаг  #најдобриотдосега (слоган извлечен од англискиот слоган за Windows 10 – The best one yet).

Тимот на Microsoft Macedonia на крај ќе ги еваулира сите објави на популарните личности кои ќе се натпреваруваат во кампањата и врз база на најиновативните споделувања, бројот на објави, лајкови и коментари ќе го одбере победникот кој ќе добие интересна награда. Од таа причина, Microsoft Macedonia ги повикува сите заинтересирани да се приклучат на оваа иновативна кампања која се одржа низ целиот свет и да ги поддржат своите омилени популарни личности.

Инаку Microsoft го направи вистински погодок со најновиот оперативен систем Windows 10, кој досега е инсталиран кај повеќе од десетици милиони корисници ширум светот. Оваа бројка секојдневно расте бидејќи голем број на копии од Windows 10 треба да стигнат до корисниците кои популарниот оперативен систем го резервирале на време, но се уште не ја добиле надградбата. Тој е достапен во 190 земји и на 111 светски јазици, а претставува прв универзален оперативен систем кој се наоѓа на широка лепеза на уреди, од десктоп и лаптоп компјутери, па до паметни телефони и таблети.

Повеќе информации околу кампањата за Windows 10: „10 Познати. 10 Дена. Windows 10“ можете да дознаете на официјалната страница на Microsoft Macedonia http://www.microsoft.com/macedonia/cpe/contacts.aspx и официјалниот Facebook профил https://www.facebook.com/MicrosoftMK/.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Интернет

error: Содржината е заштитена со авторски права.