Следи нѐ
To Top

Виена подготвена за дочекот на Нова година

Виена за дочекот на Новата година подготви голем број содржини за сите нејзини граѓани и за гостите од другите земји..

Главен хит ќе биде „Новогодишната патека“ во центарот на градот, потоа свечениот новогодишен бал во Хофбург, како и новогодишниот концерт на Виенската филхармонија во Златната сала Музикферајн.

реклама

Спектакуларни изложби, многу случувања, концерти, опери и оперети како и мјузиклите „Мери Попинс“ и „Моцарт“ исто така се на богатата програма.

Програмата ја надополнува и новогодишната вечер пред Замокот Шенбрун и новогодишното село на Плоштадот Марија Терезија.

На денот на дочекот центарот на Виена се претвора во огромен простор за забава и тогаш од 14 часот до два часот по полноќ „Новогодишната патека“ служи пунч и кулинарски специјалитети. На полноќ ќе биде организиран голем огномент на платото пред Градското собрание и во Пратер, а Новата година ќе ја поздрави големото ѕвоно на Катедралата Св. Стефан и дунавскиот валцер.

Единствена атмосфера за дочекот на Нова година ќе доживеете и на крстарењата по Дунав, како и со ексклузивното возење со монархискиот воз на царот Франц Јозеф Први „Majestic Imperator“.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.