Следи нѐ
To Top

Утре се промовира Твитер календарот за 2016 година – собраните средства одат во хуманитарни цели

Твитер календарот за 2016-та година ќе биде промовиран утре во „Јавна соба“, со почеток од 20 часот, а собраните средства од продажната изложба ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Фотографиите на календарот се на фотографот Ѕвонко Плавевски, за чија цел седуммина храбри момци и девојки од Твитер заедницата покажаа ентузијазам да се разголат пред објективот, раскажувајќи ја приказната за своето алтер его.

реклама

Првото издание на Твитер календарот се случи пред три години со мисија да се подигне свеста за навремено откривање на ракот на дојката, додека второто издание имаше цел да испрати позитивна порака за сексуалното здравје и образование.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Промо

error: Содржината е заштитена со авторски права.