Следи нѐ
To Top

Белгиска пиварница гради пивовод долг 3,2 километри

Белгиската пиварница „Де Халв Ман“ започна со изградба на 3,2 километри долг пивовод што ќе биде наменет за транспорт на омилениот пијалок од центарот на Бриж до периферијата на градот.

Производителот, чие најпознато пиво се вика „Бриж Зот“ се надева дека оваа иницијатива ќе го поттикне растот на компанијата и зачувувањето на старото јадро на градот Бриж, што ќе биде ослободено од камионски сообраќај.

реклама

Според белгиските медиуми изградбата на пивоводот ќе чини четири милиони евра, а сите што ќе учествуваат во финансирањето на проектот ќе имаат право на едно бесплатно пиво на ден.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

error: Содржината е заштитена со авторски права.