Следи нѐ
To Top

ВИДЕО: Македонскиот учесник Дарко е победник на „Големиот брат“!

Дарко Петковски од Куманово е победник на овогодинешната сезона од најголемото реално шоу – Големиот брат. Прво место и околу 95.000 евра – тоа е исходот на нашиот учесник на големото суперфинале. Ја доби поддршката од целата балканска публика, ги доби гласовите од публиката, победувајќи ги Горан, Ервин и Барбара. Дарко заслужено победи.

Како последен станар кој остана во куќата, од Големиот брат беше испратен со зборовите:

реклама

„Почна тивко, а потоа почна да освојуваш сигурно. Твојата наклонетост кон Тина, пријателство со Ервин, истрајност и добродушност, те доведоа до овој момент. До победа. Дарко, Големиот брат ти честита”.

704356_veliki-brat-121215foto-dusan-milenkovic-0026_ff[1]

По овие зборови, Дарко замина од куќата и на спектакуларната сцена беше пречекан од водителите, станарите и публиката кои едногласно го бодреа цело време. Македонскиот учесник и победник не можеше да ги воздржи емоциите, а ние му честитаме за победата и за тоа што покажа дека без скандали, секс и караници може да се стигне до победа.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.