Следи нѐ
To Top

Изминатиот викенд се случиле 34 сообраќајки во Скопје

Вкупно 34 сообраќајни незгоди се случиле во изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје. Во нив со повреди се здобиле четворица пешаци и патниците во возилата, а причинета е и материјална штета.

Во текот на вчерашниот ден се случиле 14 сообраќајки во кои четири се со последица телесна повреда. Со полесни повреди се здобиле четворица возачи, еден сопатник и еден пешак.

реклама

Во саботата сообраќајната полиција извршила увид на 10 сообраќајни незгоди од кои во шест биле повредени четворица возачи на патнички возила, шест сопатници, еден пешак, еден велосипедист и еден возач на трицикл.

Во петокот на подрачјето на главниот град имало вкупно 10 сообраќајки во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко возило и еден пешак. Се случила и една незгода во 19 часот на улицата Јордан Чопела“ во која со тешки телесни повреди се здобил пешак од Скопје роден 2009 година. Тој е пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ каде е задржан на понатамошно лекување.

Во изминатите три дена откриени и санкционирани се 21 возач возеле под дејство на алкохол, 104 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото, 11 возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, односно не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, 20 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото, како и 26 пешаци кои поминале надвор од обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафор.

Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 124 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска е најавено одржување на едукативни работилници со ученици од второ одделение во основното училиште „Јакија Кемал“ во општина Карпош.

Нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.