Следи нѐ
To Top

Најстудено во Берово, Петровец, Битола и Демир Капија

Најниска температура  во седум часот изутрина е измерена во Берово, минус шест степени целзиусови, а минус пет степени  во Скопје – Петровец, Битола и Демир Капија, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Четири степени под нулата се регистрирани во Струмица и Дебар, минус три во Скопје – Зајчев Рид, Кавадарци, Прилеп, Штип и Маврово, минус два во Крива Паланка, Виница, Гевгелија и Куманово,  минус еден Охрид, Претор, Лазарополе, нула  во Дојран, два во Крушево.

реклама

Според УХМР,  времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени. Во Скопје слично време со температура до10 степени.

Во наредните денови следува период на стабилно и суво време со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. До петок утринските температури на повеќе места ќе се спуштат под нулата, додека дневната постепено ќе опаѓа за степен до два, така што во четврток максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.