Следи нѐ
To Top

На плоштадот „Македонија“ вечерва ќе светне новогодишната елка

На Плоштадот „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде пуштена централната новогодишна елка, која ќе го збогати новогодишниот амбиент.

Елката висока 18 метри, е украсена со светлосни и други декоративни елементи.

реклама

Од Градот Скопје најавуваат дека  настанот ќе биде пропратен со учество на хор од 100 средношколци од средните училишта на Град Скопје од „Марија Склодовска-Кири, „Васил Антевски-Дрен“, „Орце Николов“ и „Никола Карев“ кои ќе изведуваа новогодишни песни и ќе ги забавуваат присутните.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.