Следи нѐ
To Top

Започнува пријавувањето за 12-от Wizz Air Скопски Маратон

Една од најпопуларните и најпознатите, а воедно и без конкуренција најмасовната спортска манифестација во нашата држава, Wizz Air Скопски маратон, го најави отворањето на пријавувањето за 12-то издание кое ќе се случи на 8-ми мај 2016-та година, во организација на Сојузот на спортови на Скопје.

Дванаесеттото издание на маратонот е под покровителство на Градот Скопје, Мисијата на Европска Унија и Агенцијата за млади и спорт.

реклама

Покрај маратонската, полумаратонската и трката на 5 километри, организаторите најавуваат и штафетен маратон, со што остануваат 4 трки на програмата како и што беше планирано и минатиот маратон. За штафетата ќе можат да се пријавуваат тимови од четворица натпреварувачи, со што секој ќе трча по 10 километри до предавање на штафетата.

Стандардните трки – маратон (42.195км), полумаратон (21.097км) и трката на 5 километри остануваат и оваа година главно обележје на маратонот.

Како и што беше ветено, пријавените учесници во маратон, полумаратон и штафетниот маратон од 2015-та ќе добијат бесплатно учество на трките во 2016-та година. Начинот како може да се искористи тоа право ќе можат да го најдат на официјалната веб страница на маратонот – http://skopskimaraton.com.mk/

Сите оние кои ќе се регистрираат до 8-ми април идната година, нивното име ќе биде испишано на стартниот број.

И оваа година насловниот спонзор Wizz Air на учесниците ќе им додели вредносен ваучер од 20 евра кој ќе можат да го искористат за купување на билет за сите летови на кои оперира оваа авионска компанија од и до Скопје. Условите за добивање и користење на ваучерите може да се најдат на веб страницата на маратонот.

Wizz Air Скопски маратон беше промовиран на маратоните во Истанбул и Атина и во неколку меѓународни познати магазини, а промоцијата ќе продолжи и во следниот период со цел во 2016-та година да оствариме рекорден број на учесници.

Пријавувањето за Wizz Air Скопски маратон можете да го направите на официјалната веб страница: http://skopskimaraton.com.mk/

Официјалниот facebook профил на маратонот: https://www.facebook.com/skopskimaraton/

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Останато

error: Содржината е заштитена со авторски права.