Следи нѐ
To Top

Ординацијата „д-р Анчевски“ го одбележа јубилејот со над 70.000 задоволни пациенти

Пред една деценија, дерматолошко естетската ординација „д-р Анчевски“ започна со работа поставувајќи си цел постојано да наметнува повисоки стандарди во своето професионално поле, а како резултат на тој пристап стручниот тим зад себе има повеќе од 70.000 задоволни пациенти од земјава и од странство.

Податоците говорат дека 7000 луѓе годишно во просек 30 до 40 пациенти секој работен ден минуваат низ ординацијата и прават прегледи и третмани од областа на дерматологијата, естетско-козметичка дерматологија и дерматохирургијата. „д-р Анчевски“ вчера (вторник, 15 декември) во Light Cafè во Скопје го одбележа јубилејниот 10-ти роденден и по тој повод ги изненадува своите пациенти со третмани по промотивни цени. Воедно се збогатува палетата со нови ласери меѓу кои и оној за остранување на тетоважи кој првпат се носи во Македонија.

реклама

Стручниот тим е составен од тројца специјалисти дерматовенеролози кои се имаат обучувано во познати светски центри и постојано се надоградуваат во своето професионално поле. Ординацијата се состои од три дела: центар за дерматовенерологија, естетско корективна дерматологија и центар за нега и третмани на коса со дерматохирургија. Во изминатите 10 години, „д-р Анчевски“ воведе техники кои беа и останаа единствени во Македонија.

– Во делот на дерматовенерологијата покрај спроведување на прегледи и терапии на сите кожни заболувања, дијагностика и третмани на периферни крвни садови, алерголошки тестирања и озонотерапија која што ексклузивно се работи само кај нас, се врши и компјутерирана дерматоскопија на бемки и нивно отстранување и радиобранова терапија. Компјутеризираната дерматоскопија е најсовремена техника за анализа на бемки и други пигментни промени. Додека еден од најсофистицираните начини за отстранување на кожни промени со најмала траума и белези на ткивото и со најбрза регенерација е радиобрановата техника која што ексклузивно се работи во нашата ординација – вели тимот.

Odbelezhuvanje na jubilejot na ordinacijata Doktor Anchevski 1

Во делот на естетската дерматологија се препорачуваат современи процедури за корекција на брчки и ремоделирање на лице со ботокс и различни типови на филери спрема индивидуалните потреби (филери за пополнување на усни, филери за пополнување на јагодици, филери за пополнување на образи, врат и раце) како и освежување со мезотераписки коктели, ПРП и комбинација на ласерски техники.

– Во центарот за нега и трансплантација на коса се спроведуваат третмани за нега на коса, ласерски третмани, мезотерапија, ПРП за спречување на опаѓање коса и пресадувања на коса. Во дерматохирургијата се спроведуваат мали дерматохируршки интервенции.

По повод 10-годишниот роденден палетата на ласерски техники се збогатува и со ласери за отстранување на тетоважи, за третман на габични инфекции на нокти, за третирање на попуштени вени и капилари и со техника за освежување на лице, Clearlift.

Споредувајќи ја ситуацијата пред една деценија и сега впечатокот е дека Македонците денес многу повеќе се отворени кон естетските и козметичките третмани кои некогаш беа табу тема.

– На пример, ласерското отстранување на влaкна на почетокот беше со скромен број на пациенти, но низ годините бележеше постојан раст. Сепак тоа се должи на најквалитетниот ласер со диодна технологија на светскиот пазар, на стручноста на нашиот тим како и на сè поголемата информираност на клиентите за безбедноста и ефикасноста на третманот. Овој третман сè повеќе се бара и од машката популација – велат од „д-р Анчевски“.

Воедно нагорен тренд е забележлив и кај третманите за нехируршки лифтинг со филери и ботокс што е резултат на широката палета на различни продукти за примена скроени според индивидуализираните потреби на пациентите како и на професиналноста на докторите во ординацијата и високиот квалитет на продуктите што се користат.

Од „д-р Анчевски“ посочуваат дека и после 10 години се уште цврсто се држат до ставот дека постојано мора да се работи на себеусовршување и на подобрување на понудата и ќе продолжат да чекорат по тој професионален пат и во иднина .

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Промо

error: Содржината е заштитена со авторски права.