Следи нѐ
To Top

ПРЕКИН НА НАСТАВАТА: Тетовските училишта и градинки се затвораат поради загадувањето

Поради високите концентрации на штетните ПМ 10 честички во воздухот, што неколкупати го надминуваат дозволеното ниво подолго време, Општина Тетово во соработка со Министерството за образование и наука денеска донесе одлука за прекин на наставата до крајот на првото полугодие во сите основни и средни училишта и во градинките во Тетово.

Ова го изјави градоначалничката на Тетово Теута Арифи денеска на  прес-конференција по средбата со директорите на сите образовни институции во градот.

реклама

– Свесни за сериозноста на состојбите, како и негативните импликации за загадувањето на воздухот по здравјето на учениците, оваа мерка влегува од сила од денес, а ќе трае до завршување на првото полугодие од учебната година, изјави Арифи.

Арифи се осврна и на протестот најавен за утре кој поради загадениот воздух ќе го организираат повеќе невладини организации.

– Протестите секогаш сум ги сметала како доказ и вредност на едно витално демократско општество, но тоа што е суштински е дека акумулацијата на граѓанската волја треба да се адресира таму каде што е местото, чувајќи ги секогаш искреноста и добрата волја на граѓаните. Протестот е апсолутно демократско право и треба како таков да се одржи и да се искаже но, меѓу другото, треба и да се работи да се менува состојбата со квалитетот на амбиенталниот воздух, рече Арифи.

Посочи дека како општина во рамките на правното и институционалното дејствување презеле повеќе мерки за намалување на загадувањето на воздухот, како што е профункционирањето на системот за зонско паркирање низ центарот на градот за намалување на сообраќајниот метеж, формирање на јавно претпријатие за гардски сообраќај поради што е побарано од Владата на општината да и додели 8 автобуси, прскање на улиците веќе еден месец со калциум магнезиум ацетат, ограничување на времето за утовар и истовар на стоки во период од 19 до 8 часот следниот ден, за што веќе се казнети дваесттина претпријатија што не го почитувале тоа.

Додаде и дека е зголемен бројот на инспекторите за животна средина од двајца на 11, отворена е бесплатна телефонска линија и веб-портал за пријавување на несоодветно однесување на поединци и институции кон средината, воведено е пренасочување на тешките товарни камиони  на кои  Тетово не им е конечно одредиште по заобиколни патишта и слично.

Арифи најави дека доколу има потреба и согласно со одлуките на Советот на Општината ќе размислат и за воведување поригорозни дополнителни мерки за ограничување на сообраќајот низ центарот на Тетово.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.