Следи нѐ
To Top

ЏАСТИН БИБЕР ДОАЃА ВО ЗАГРЕБ: „ВИП“ влезниците за концертот чинат вртоглави 1900 евра!

Дваесет среќници ќе се дружат цел ден со Џастин Бибер за време на неговиот концерт во Загреб, најавен за 9 ноември следната година.

Веднаш по денешната прес-конференција на која беше најавено дека Џастин Бибер доаѓа во Хрватска следната година, во продажба се пуштија и влезниците за концертот на оваа најпозната поп ѕвезда.

реклама

Членовите на фан клубот можат да купат влезници со поповолни цени од денес, се до четврток, 17 декември, и тоа само онлајн преку сајтот eventim.hr. Преку интернет можат да се купат само влезници за трибините и партер делот.

Најевтината влезница за „обичните смртници“ чини 365 куни што е приближно 50 евра!

За најверните фанови кои сакаат цел ден да се дружат со Бибер, да бидат заедно со него во најелитниот ВИП дел и да имаат заеднички ручек во Загреб, ќе треба да одвојат малку повеќе, односно околу 14020 куни што се приближно вртоглави 1900 евра.

Па, најверни фанови на Бибер, ви предложуваме да започнете со штедење. И вие, како и вашите родители, баби, дедовци и пошироката фамилија :)

Ако ви претставува некоја утеха, влезниците за хрватскиот концерт се едни од најевтините во однос на остатокот од земјите каде Бибер ќе настапува за време на неговата европска турнеја.

 

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

error: Содржината е заштитена со авторски права.