Следи нѐ
To Top

ТАТЈАНА АЛЕКСИЌ: Моќта на учењето

Културата на едно општество може да се препознае преку образовниот систем и тоа не преку тоа што се учи,  туку како се учи.

Концептот на  познатиот  чешки  педагог, филозоф и теологог, Јан Амос Коменски за нужноста од сестрано образование  за сите, остана во минатото, сегашноста се конципира  на  други концепти  кои без концепт  невротично не вкалапуваат.

Учењето е една од најважните активности на човекот во тек на целиот негов живот, учењето е одговорност, а пренесувањето на знаењето е креативност,  учителите треба да умеат со своите ученици да мотивираат и научат како да учат. Учењето треба да се индивидуализира, секој да научи како да ги препознае своите  способности, да ги доразвива вештините, да креира посебен  однос кон учењето.

Учењето преку игра може да  функционира во одреден период, но да не се сфати буквално оти учењето е  одговорност, играчките се за играње, книгите се за читање. Децата треба да се научат како да учат и како да се препознаат  во образовниот систем, кој е нивниот индивидуален  капацитет кој  ќе се надградува низ животот. Затоа е поразувачки за сите фактот кога средношколците не знаат што ќе студираат една недела пред уписи на факултет. Прагматизмот во образовниот систем кој сервира стереотипи , кои пак  сервилно и не водејќи грижа за индивидуалноста,  продуцираат  клонови или  „програмски машини“ , изиграни играчки и идни конформисти полни со предрасуди кон животот.

Затоа , наместо да се обидуваме да ја дефинираме креативноста треба да ја реализираме и  репродуцираме преку  нашите ученици,  за да бидат подобри од нас затоа што  успех на секој наставник е кога учениците го надминуваат. Но истиот тој наставник треба да  го красат многу доблести и потенцијали  како висок критериум и  предизвик за надминување (просечноста создава просечност).

Креативниот наставник живее во моментот, делува спонтано, храбро и самоуверено,  користи  идеи кои произлегуваат од неговите ученици  менувајќи ја лекцијата за да заврши на друг, поинаков и оригинален начин!

Поентата на образованието е да поентира со  сестрано образовани луѓе кои  умеат да си ја препознаат индивидуалноста  и истата продадат на пазарот на трудот –  крајната цел на учењето е  учам за да живеам од наученото. Таква треба да е МОЌТА НА УЧЕЊЕТО…

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Колумни

  • Девет нивоа за интелектуален триумф!

    Ако ви кажат дека сте интелигентни, или ве лажат или себе си се залажуваат… Особено ако интелектот се премерува со папирологија...

    Татјана Алексиќмај 19, 2016
  • Политиканти, критизери и други суплементи…

    Кога интелектуалецот ќе се одрекне од автентичната улогата на бранител на универзални вредности, неговата „големина“ се смалува, се собира како шангриската...

    Татјана Алексиќмај 19, 2016
  • Ден потоа…

    Ден поТОА… Тоа е ТОА што се чека цела година, како пустината дождот, рибарот риба, ветерницата ветрот, покерашот покер, коцкарот џек...

    Татјана Алексиќмај 19, 2016
error: Содржината е заштитена со авторски права.