Следи нѐ
To Top

Џони Деп не смее да контактира со сопругата откако тој ја удрил

Судот во Лос Анџелес му забрани на актерот Џони Деп да се доближи до неговата сопруга Ембер Херд откако таа го обвини дека повеќе пати ја удрил.

Деп не смее да контактира со Херд до судското сослушување закажано за 17 јуни.

реклама

Херд тврди дека Деп фрлил со мобилен телефон по неа за време на караницата и и го повредил лицето. Таа приложи и фотографии од повредите.

Херд пред два дена поднесе и барање за развод поради „ненадминливи разлики“.

Холивудската двојка во брак е 15 месеци, а немаат потпишано предбрачен договор.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.