Следи нѐ
To Top

Европската титула за Реал Мадрид

Фудбалерите на Реал Мадрид ја освоија европската титула откако синоќа во финалето на Лигата на шампионите по изведување на пенали го победија Атлетико Мадрид. Резултатот по 90 и по 120 минути беше нерешен 1:1, а на пенали 5:3.

Реал поведе во 15.та минута со голот на Сехио Рамос, а изедначи Јаник Караско во 79.минута.

реклама

Екипата на Атлетико Мадрид пропушти одлична шанса да изедначи на почетокот на вториот дел, бидејќи во 46.минута Антоан Гризман не реализира пенал.

Натпреварот заврши нерешено и по двете продолженија, па пеналите го решија победникот.

Стрелци на головите од пенал за Реал Мадрид беа: Лукас Васкез, Марсело, Герет Бејл, Серхио Рамос и Кристијано Роналдо, додека за Атлетико погодија: Гризман, Габи и Саул, додека не прецизен во четвртата серија беше Хуанфран.

Со освојувањето на 11.та титула европски шампион Реал Мадрид и натаму е најуспешниот клуб во најквалитетното клупско фудбалско натпреварување.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Спорт

error: Содржината е заштитена со авторски права.