Следи нѐ
To Top

Сончево со слаб до умерен јужен ветер – попладне услови за локална дестабилизација

Времето во Македонија ќе биде сончево и доста топло за овој период од годината, а ќе дува и слаб до умерен јужен ветер. Во попладневните часови ќе има извесно зголемување на облачноста и услови за краткотраен дожд и ретки грмежи во југозападните делови од земјава.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 15, а дневната од 26 до 33 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

реклама

Во Скопје, слично време, сончево и доста топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер.  Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе достигне до 31 степен.

Во наредните денови ќе се задржи сончево и доста топло време, но во попладневните часови не е исклучена појава на краткотраен дожд со ретки грмежи.

Од средината на наредната недела во попладневните часови повторно ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Температурата ќе биде во благо опаѓање.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.