Следи нѐ
To Top

Автомобил падна во река во Прилеп: Загина жена, сопругот повреден

Една жена загина, а маж е тешко повреден во сообраќајната несреќа што се случи ноќеска, во еден часот по полноќ во Прилеп.

Автомобил „опел астра“, од засега непознати причини удрил во огрдата на малиот мост на Градска Река, кај Сточното Пазариште во Прилеп и паднал во реката.

реклама

На местото на несреќата загинала 35 годишната Јулијана У. од селото Боротино, а нејзиниот сопруг, 43 –годишниот Рубинчо е префрлен во грдската болница во Прилеп, информираат од Основното јавно обвинителство во Прилеп кое со полицијата направи увид на местото на несреќата.

Наредена е обдукцијата врз телото на починатата жена за да се утврдат причините за смртта.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.