Следи нѐ
To Top

Жирито за Мартија: „Џеј Ло е мал залак за таква ѕвезда како што си ти!“

Во последната четвртфинална емисија, нашата Мартија Станојковиќ ја испеа хит песната од Џенифер Лопез – “On the floor” и како што сите очекуваме и ќе очекуваме, ги доби сите пет гласа од стручното жири.

Публиката и жирито на “Пинковите ѕвездички” ја видоа Мартија во различни изданија, со различни стајлинзи пеејќи различни жанрови на музика. Овојпат таа изгледаше како вистинска светска ѕвезда, што веднаш по настапот искоментира водителката, а потоа и секој од членовите на жирито.

реклама

– Ти изгледаш и пееш подобро од Џеј Ло – беше коментарот на Томашевиќ, а Гоца потврди дека ја обожува нашата учесничка и дека ваква песна со толку текст не е воопшто тралалајка за да се испее.

Милан, пак, кажа сосема друг коментар:

– Првата критика е што за ваква песна излегоа само две танчерки на сцени. Требаше многу повеќе. И втората критика е изборот на песна. Ти можеш многу повеќе од ова. Ова е мал залак за тебе, Мартија. Кај нас ги имаш веќе сите кредити, и затоа очекуваме спектакл секогаш. Доволно е само да се појавиш и со твојата харизма да ги добиеш сите пет гласа – рече Милан.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.