Следи нѐ
To Top

Пет работи кои мажите би ги направиле за фудбалски клуб, но не и за својата девојка

Многу од жените навистина се трудат да го засакаат фудбалот заради нивните партнери.

Сепак една работа често застанува на патот кон таа цел. Факт е дека секој страстен навивач е подготвен за својот клуб да направи многу повеќе отколку за неа, пишува „Блиц“.

1. Му се колне на доживотна верност

Во навивачкиот свет најлошо што може личноста да направи е да го смени клубот за кој навива. Тоа значи дека никогаш искрено не го сакал, дека не знае што значи вистинско навивање и најверојатно дека таа личност немала од кого да ја наследи таа света должност иако таа често се пренесува од колено на колено по машка линија. За ваквата лојалност, секоја жена може само да сонува и ни случајно не смее да и падне на ум да го натера да избира меѓу фудбалот и неа.

2. Својата љубов ќе ја покаже со низа романтични гестови

Иако не изгледа така, навивање во својата суштина е една силна романтична активност. Група мажи се наоѓаат за многу страсно и гласно да пејат за својот омилен клуб, му пишуваат транспаренти за поддршка, сканираат и кога губи, јавно ја искажуваат својата љубов на социјалните мрежи. Има милион примери. А кога последен пат сте слушнале маж да и пее на жена, освен во некој стар холивудски филм.

3. Солзите се ок

Сите знаеме какви се навивачите кога е во прашање важен натпревар. Се работи за деликатна состојба, во која не само што се емотивни, туку ќе покажат цел спектар чудно однесување, особено ако не дај Боже мечот го гледаат на празен стомак или по напорен ден. Од оптимист ќе се претвори во песимист, од духовна личност во неподносливи свезнајковци кои работите ги знаат подобро од тренерот, од зен мајстор до личност која вреска на ТВ екранот. Ваквите промени кај партнерот, жената најчесто ги открива дури кога работите ќе тргнат на лошо. Затоа можеби не е лошо со него да се гледа некој натпревар, пред врската да помине на повисоко  ниво.

4. Внмателно ќе го следи развојот на неговата „кариера“

Кога ќе се каже развојот на кариерата, се мисли на состојба на табелата, луѓето кои се наоѓаат во управата, кави транфсери се прават, како клубот стои со финансиите и со спонзорите. Вистински навивач ќе го знае сето тоа, плус, јавно ќе дава поддршка на својот тим.  Кога е во прашање работата со која се занимава неговата партнерка, шансите се дека нема да се задлабочува повеќе од класично прашање – како беше на работа? Ок, не смееме да бидеме прегруби, добриот партнер ќе се најде при невоља и ќе ја поддржи девојката во моментите на криза, но сигурно не толку френетично колку што тоа секојдневно го прави за својот клуб.

5. Своето време ќе го подреди на негово

Во здрава врска, двајцата прават компромис и заедно ги усогласуваат своите временски распореди, така што секогаш ќе имаат време еден за друг. Со фудбалскиот клуб таа работа оди поинаку. Мечот е закажан кога е закажан, а тој по своја можност ќе направи се за да го види. Ќе лаже на работа или едноставно ќе земе слободен ден, ќе пронајде илјада и една причина заради која не може да се види со неа, а пријателите кои не сакаат да гледаат натпревар најверојатно само ќе го отпишат за тој ден.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

error: Содржината е заштитена со авторски права.