Следи нѐ
To Top

СЕВЕРИНА ВИКЕНДОВ РАБОТНО ВО МАКЕДОНИЈА: Ќе пее на прослава на болницата „Систина“

Балканската пејачка Северина овој викенд работно ќе го помине во Македонија, и тоа во петок во Штип, а во сабота во Скопје на две одделни роденденски забави.

Газдата на штипската винарија Еземит на роденден ја носи Северина да ги забавува гостите во петок, а на најбогатиот Македонец според Форбс, Орце Камчев, Северина ќе му пее во сабота во летниот диско клуб „Привилиџ“ на приватна прослава на болницата „Систина“.

Газдата од Штип ќе треба од скопскиот аеродром да ја земе со џип, на масата каде што ќе седи да има само специјални вина и шампањ „Моет“ и обезбедувачи, а на настапот и двајца кои ќе ја обезбедуваат вратата на собата во која ќе спие.

Неофицијално, сумата која ја побарала, и ќе и биде исплатена била по 30 илјади евра од забава.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.