Следи нѐ
To Top

Сончево претпладне, зголемување на облачноста попладне

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево, а во текот на денот од запад насекаде ќе се прошири облачност. Попладне ќе има повремен дожд во западните и северните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен јужен и југозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од осум до 15, а дневната од 25 до 30 степени.

реклама

Во Скопје претпладне со умерена облачност, а попладне со зголемена облачност и со услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе достигне до 29 степени.

Од утре следуваат денови со претежно сончево време во претпладневните часови, а попладне повремено со услови за изолирана појава на локален пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе опаднат за два до три степени

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.