Следи нѐ
To Top

Ресторан Бакал – како мало островче во тетовското село Брвеница

Ресторанот Бакал е како мало островче во тетовското село Брвеница. Тоа не е само ресторан, туку цела приказна..Секој што ќе влезе внатре има чувство како да стапнува на друга земја, оти егзотичните растенија и жуборот на водата кои создаваат рајска градина навистина даваат посебен амбиент.

Фонтаната, во ресторанот само ја надополнува приказната. И надворешниот дел и внатрешноста се одликуваат со елегантно уреден простор со големо чувство за естетика.

реклама

Посетителите имаат чувство дека се наоѓаат во некој екстра луксузен ресторан во странство. Покрај амбиентот ваквата слика ја надополнува и услугата и храната во ресторанот. Се е свежо и убаво приготвено. На менито има традиционална храна, интернационална, вегетаријанска, за секого по нешто. Свежо печено јагне, јаре, прасе, свежа риба, деликатеси како подгорче, капама, ѓомлек, но и foie gras,magre, t bone steak, tatar beef и многу повеќе.

Нуди топла, домаќинска атмосфера и извонредна храна што ќе го зачини вашето доживување, без разлика дали се работи за бизнис ручек, тренинг и дружење со вработените, дружење со пријателите или романтична вечера со партнерот. Во преубавата атмосфера секој деловен состанок се претвора во позитивно искуство и конструктивен разговор.

Интересен детаљ се прекрасните растенија и секако внатрешниот ентериер кој е направен со многу чувство за естетика и пред се со многу љубов.

Доколку сакате да побегнете од градската бучава и да поминете неколку часа во еден уникатен и релаксирачки амбиент, и да уживате во добрата храна, тогаш ресторанот Бакал е вистинското место за Вас.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

error: Содржината е заштитена со авторски права.