Следи нѐ
To Top

Државната матура помина без проблеми

Во сите средни училишта во Република Македонија денеска без никакви проблеми помина полагањето на задолжителниот предмет од државната матура, односно македонски јазик и литература, албански јазик и литература и турски јазик и литература.

Државниот испитен центар соопшти дека испитниот материјал до сите училишта бил доставен навремено и согласно пропишаните правила и процедури. Испитот во сите училишта започнал во определеното време и се одвивал без никакви проблеми.

реклама

Македонски јазик и литература полагаа 10.730 кандидати, албански јазик и литература полагаа 5.424 кандидати и 428 кандидати полагаа турски јазик и литература.

Во процесот на реализација на матурата во училиштата беа ангажирани околу 1.400 наставници – тестатори и 200 набљудувачи.

На 9 јуни 2.335 кандидати ќе полагаат математика на 38 локации, согласно прегледот кој беше доставен до училиштата и објавен на веб локацијата www.matura.gov.mk.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Uncategorized

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.