Следи нѐ
To Top

Почина боксерската легенда Мохамед Али

Легендарниот американски боксер Мохамед Али почина рано изутринава на 74-годишна возраст во болница во градот Феникс во сојузната држава Аризона.

– По 32 години борба против Паркинсоновата болест, Мохамед Али почина, објави неговиот портпарол Боб Ганел.

реклама

Али, кој е поранешен професионален светски шампион во тешка категорија, беше хоспитализиран во четвртокот поради проблеми со дишењето.

По неговата хоспитализација, Ганел изјави дека Али кусо време ќе остане во болница, но во текот на минатата ноќ неговата здравстевна состојба се ископликувала и тој починал.

Гамел најави дека Али ќе биде погребан во неговиот роден град Луисвил во сојузната држава Тексас, но не го посочи датумот на погребот.

Во својата тридеценскиа боксерка кариера, Мохамед Али, кој е роден како Касиус Клеј, забележа 56 победи, од кои 37 со нокаути, и пет порази. Тој е првиот боксер во историјата, кој успеа трипати да ја освои титулата светски шамион во тешка категорија.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.