Следи нѐ
To Top

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Претпладне сончево, попладне пороен дожд

Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде променливо и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат и поинтензивни. Температурата ќе се движи од 19 до 31 степени.

Во Скопје претпладне сончево, а попладне променливо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе достигне до 29 степени. УВ-индексот ќе биде 8.

Во останатите денови од работната седмица нестабилноста ќе биде локална и со послаб интензитет.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.