Следи нѐ
To Top

Студиска верзија од “Најсреќна“ на Сара Мејс

Секогаш оригинална и несекојдневна, Сара Мејс според многумина го имаше највпечатливиот настап кој го одбележа овогодинешното издание на најголемиот фестивал на забавна музика во Македонија, Макфест. Мејс со својата „Најсреќна“ успеа да влезе во финалната вечер на фестивалот каде како и во полуфиналето, го привлече вниманието на јавноста со својот моден стајлинг и изглед кој потсетуваа на светски популарните пејачки.

Освен со изгледот, но и фантастичното изненадување на сцената на која Сара се појави во друштво на уште четири девојки, популарната пејачка претставуваше одлично освежување на Макфест најмногу поради певливата песна која многу лесно „влегува“ во главата на многумина.

реклама

– „Уживав на сцената на Макфест, каде навистина одлично се забавував и уживав додека ја интерпретирав „Најсреќна“. Целта е остварена, успеав да влезам во финалето каде заедно со моите девојки имавме можност уште еднаш пред публиката и јавноста да ја испееме песната. За време на викендот добив позитивни критики за „Најсреќна“, а јас сум навистина среќа што пред се песната веднаш беше прифатена од јавноста. Не освоивме материјална награда, ама полни ни се срцата, си поминавме многу убаво и сме најсреќни и од срце им честитаме на Александра, Симона и Антониа за освоените награди,“ изјави Сара.

 „Најсреќна“ која според многумина ќе биде еден од македонските летни хитови е авторско дело на Сара Мејс, која е комплетен автор на музиката и текстот, додека аранжманот го направи Бојан Трајковски.

 

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.