Следи нѐ
To Top

Корчагинци играа во име на љубовта во МОБ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Четвртиот мјузикл на скопската гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“ насловен „Во име на љубовта“ ја доживеа својата премиера на 4 јуни во полната сала на Македонската опера и балет.

Претставата, во режија на професорката по македонски јазик и литература Татјана Алексиќ, костимографија на Елизабета Николовска Дадиќ и хорски аранжман на Виктор Барбутов ретроспективно ја презентира љубовта на книжевните ликови и историски личности кои живееле, умирале, убивале и лажеле во име на љубовта.

– „Во име на љубовта умираат Ромео и Јулија, Отело ја задавува Дездемона, страдаат Антигона, Офелија, Ана Каренина, младиот Вертер, Сирано, Татјана и Онегин, нашата Цвета умира без да стане Турчинка… Во „Пеколот“ на Данте се прочистуваат грешните неверници Тристан и Изолда, Елена и Парис, Франческа и Паоло, Клеопатра, Семирамида… Кралеви абдицираат во име на љубовта, држави се продаваат…“ – вели Алексиќ.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ: Во име на љубовта се живее, умира, убива… и лаже!

Инаку на премиерата присуствуваа голем број познати личности од јавниот живот во Македонија меѓу кои Ленин Јовановски, Ирена Спировска, Валентин Николовски, Ранко Петровиќ, Магдалена Ризова, Снежана Конеска Руси и многу други.

Од Македонската опера и балет најавувуваат повторно поставување на претставата наредната сезона.

<
>

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.