Следи нѐ
To Top

Почина карикатуристот и сатиричар Дарко Марковиќ

Познатиот македонски карикатурист, сатиричар и филмски режисер Дарко Марковиќ почина синоќа во Скопје.

Марковиќ е роден во Скопје во 1940 година. Во 1966 година дипломира архитектура, а во 1972 година специјализира анимиран филм во Загреб под менторство на оскаровецот Душан Вуковиќ. Професионалната кариера како карикатурист ја започнува во 1960 година, работејќи за повеќе весници и списанија во Македонија и во поранешна Југославија. Од 1966 до 1975 година работи како главен уредник на хумористично-сатиричното списание „Остен“ и како директор на Светската галерија на карикатури во Скопје.

реклама

Во 1975 година кога се вработува во „Вардар филм“ отвајаќи го студиото за анимиран филм почнува активно да се занимава со филм. Од 1978 работи како слободен уметник, а во 1983 е назначен за професор на Факултетот за уметност во Скопје по предметот анимиран филм. Во истиот период работи како главен уредник на културно-уметничката програма во Телевизија Скопје. Од 1988 до 1995 живее и работи во Лондон. Во 1995 се враќа во Македонија.

За своите карикатури и анимирани филмови, има добиено преку триесет награди и признанија.

Негови познати анимации се „Граница“ (1976), „Стоп“ (1976), „Три минути на светот на Мирослав Бартак“ (1976), „Бело топче“ (1977), и „Циркус“ (1979), а познат е и како автор на стриповите со популарниот јунак Пецко.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.