Следи нѐ
To Top

Претпладне сончево, попладне нестабилно со дожд и грмежи

Претпладне времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а попладне променливо и нестабилно облачно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од осум до 15, а дневната од 22 до 28 степени.

реклама

Во Скопје слично време, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо и нестабилно облачно со локален пороен дожд, грмежи и ветер. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 27 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

За време на викендот ќе биде потопло, а во почетокот на наредната недела повторно ќе има благ пад на температурата.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.