Следи нѐ
To Top

ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Сончево и топло со мала локална облачност – од утре заладување

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Утринската температурата ќе се движи од осум до 16, а дневната од 24 до 31 степени. УВ=8

реклама

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен југозападен ветер.

Утринската температура до 14, а дневната ќе достигне до 30 степени.

До вторник во попладневните часови ќе има локален развој на нестaбилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Од среда се очекува стабилизирање и затоплување на времето. Нашето подрачје ќе биде под влијание на сува и многу топла воздушна маса од југ.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.