Следи нѐ
To Top

Домаќинот Франција со победа стартуваше на ЕУРО 2016

На отворањето на 15. Европско првенство во фудбал, синоќа во Сен Дени, домашната репрезентација на Франција ја победи Романија со 2:1 и ги освои првите бодови на шампионатот.

Јунак во победата на „триколорите“ беше Димитри Паје кој го постигна победничкиот гол во 89.минута. Претхдоно Оливие Жиру во 57.минута донесе водство за Франција, а осум минути подоцна Богдан Станку изедначи од пенал.

реклама

На вториот дуел од 1.коло во А-групата денеска од 15 часот играат Албанија и Швајцарија.

Покрај оваа средба на вториот ден од ЕУРО 2016 ќе се играат и натпреварите од првата рунда во Б-групата:
Велс – Словачка (почеток 18 часот) и
Англија – Русија (почеток 21 часот).

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Спорт

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.