Следи нѐ
To Top

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Облачно и ветровито, попладне пороен дожд

Во Македонија претпладне ќе преовладува умерено облачно време со услови за краткокраен дожд на североисток. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во северните и источните делови.

Минималната температура ќе се движи од 10 до 17 степени, а максималната од 17 до 29 степени. УВ индексот ќе биде 6.

Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно со услови за слаб дожд, а попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Температурата ќе биде од 15 до 26 степени.

Слично време со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни проследени со грмежи и заселен ветер ќе се задржи и во вторник, а веќе од среда под влијание на сува и многу топла воздушна маса ќе има нагло зголемување на температурите. За викендот највисоката температура ќе достигне 40 степени на југоистокот од земјата.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.