Следи нѐ
To Top

Тери плаќа јахта 550.000 евра неделно и крстосува по Јадранот

Во Хрватска, капетанот на лондонскиот фудбалски клуб Челзи и поранешен капетан на англиската фудбалска репрезентација Џон Тери, дојде пред неколку дена.

Англискиот фудбалер со семејството ужива на јахта, а моментално се усидрени кај островот Хвар. Прво биле во Ровињ, а потоа дојдоа близу Шибеник.

реклама

– Нема подобро од утринско пливање, се пофали Џон Тери (35) на социјалните мрежи..

9cb6e71fd379c0a6d58ef216f9910ae9_L[1]

Тери, неговата соопруга Тони и близнаците Самер и Џорџ (10) го посетија Националниот парк Крка, од кој биле воодушевени.

Семејството крстосува на лукузната јахта О’ Пари3, долга 72 метри. Една недела крстосување со неа чини 550.000 евра плус трошоци за одржување. На Тери тоа не би требало да биде проблем, затоа што како капетан на Челзи годишно заработува околу 8,5 милиони евра.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.