Следи нѐ
To Top

ЛЕТЕН ХИТ: „This Is What You Came For“ на Ријана и Калвин Харис доби видеоспот

Не знаеме за вас, но ние цело лето ќе се забавуваме со овој хит!

Ријана и Калвин Харис го објавија долгоочекуваниот спот за песната „This Is What You Came For“ – и не се очекуваше ништо освен прав спектакл. После успешните соработки со хитовите како „We Found Love“ и „Where Have You Been“ ова ќе биде уште еден летен хит кој ќе ги освои топ листите.

реклама

Видеото кое беше објавено рано утринава за само неколку часа доби милионски прегледи, а се очекува за време на викендот таа бројка да се зголеми.

Како режисер на спотот се потпишува Емил Нава, а песната моментално се наоѓа на седмото место на Билборд Топ 100 листата. Дали оваа песна ќе го урне рекордот на Рири со песната „We Found Love“ останува да видиме.

Инаку „This Is What You Came For“ го најавува и новиот албум на Калвин Харис, за кој се уште нема информации кога ќе биде издаден, но ние со нетрпение го очекуваме!

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

error: Содржината е заштитена со авторски права.