Следи нѐ
To Top

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД И ТОПЛО ВРЕМЕ: Половина час чекање и огромни колони за влез во Грција

Огромни колони на автомобили утринава може да се забележат на граничниот премин Богородица, каде се чека и повеќе од половина час за излез од државата.

Продолжениот викенд и најавите за топло време, голем број граѓани го искористија да заминат во Грција.

реклама

Од АМСМ соопштуваат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

-На граничните премини Богородица и Дојран времето на чекање за излез од Македонија е околу 30 минути, а на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините, соопштуваат од АМСМ.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.