Следи нѐ
To Top

СОНЧЕВО И МНОГУ ТОПЛО: Температурата ќе го достигне 40-тиот степен

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер.

Минималната температура ќе се движи од 13 до 21, а максималната од 34 до 41 степени. УВ индексот ќе биде висок и ќе изнесува 8.

реклама

Слично време ќе има и во Скопје каде минималната температура ќе биде 19 степени, а максималната се очекува да го достигне 40-тиот степен.

Во следните денови ќе продолжи периодот на сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Утре на повеќе места температурата на воздухот ќе надмине 35 степени, а долж Повардарието ќе достигне и 40 степени. Во недела попладне ќе има услови за појава на изолирана нестабилност.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.