Следи нѐ
To Top

Двајца загинати во тешка сообраќајка кај Тетово

Две лица на возраст од 20 и 25 години го загубиле животот во тешка сообраќајна несреќа со моторцикл, што синоќа околу 20 часот се случила во близина на бензинската пумпа „Петрол Компани“ на автопатот Тетово – Скопје.

Според портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, лицето што го управувало моторциклот загубило контрола  при што излетале од патот и заедно со својот сопатник починале.

реклама

Увид на местото извршиле  екипи на полицијата и јавниот обвинител по што, како што рече Јосифовски, ќе се знаат точните причини за сообраќајката.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.