Следи нѐ
To Top

Еди Рама им вети дипломатски пасоши на албанските фудбалери

Албанскиот премиер Еди Рама им ја честиташе синоќешната победа на албанските репрезентативци над Романија нa Eвропското фудбалско првенство во Франција и најави дека ќе ја награди целата делегација, и играчите и техничкиот персонал, со дипломатски пасоши, јави агенцијата Анадолија.

– Почнувајќи од претседателот на Фудбалската федерација Армандо Дука, па се до последниот член, сите ќе добиете дипломатски пасоши, изјави Рама во видеото објавено на социјалната мрежа Фејсбук.

реклама

Историската победа над Романија, предизвика воодушевување меѓу навивачите на албанскиот состав, како на трибините нa „Стад де Лион“, така и во цела Албанија.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Спорт

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.