Следи нѐ
To Top

Камерон најави оставка по одлуката на Британците за Брегзит

Британскиот премиер Дејвид Камерон претпладнево објави дека во октомври ќе се повлече од премиерската функција, како резултат на одлуката на Британците на вчерашниот референдум за излез на Велика Британија од ЕУ, јави Би-Би-Си.

– Верував и се уште верувам дека на Велика Британија и е подобро да биде во ЕУ, затоа што во Унијата таа е посилна и побезбедна, но Британците одлучија поинаку и во такви услови на земјата и треба ново водство, рече Камерон во своето обраќање до британската јавност.

реклама

Зборувајќи пред влезот на Даунинг стрит 10, Камерон соопшти дека за својата оставка утринава ја известил и британската кралица Елизабета.

Актуелниот премиер рече дека ќе остане на функцијата до избор на нов лидер на неговата Конзервативна партија, што треба да се случи во октомври, на редовната есенска партиска конфернција на ториевците.

Камерон рече дека идната недела ќе учествува на Самитот на ЕУ, на кои детално ќе ги извести европските лидери за референдумот и одлуката на британските гласачи, како и за своето решение да се повлече од функцијата.

Британскиот премиер ги увери Британците дека не треба да стравуваат за себе, затоа што британскиот бизнис е силен и стабилен и дека финансиските пазараи се сигурни.

Тој ги уверуваше Европејците во Велика Британија дека не треба да стравваат за себе и за својата иднина, во земјата. Камерон ги увери и британските државјани дека пасошот, прашањето на визите и сите други работи околу движењето низ светот остануваат да ваќат, но дека новото британско водство ќе мора наново да преговара со Брисел.

Дејвид Камерон е лидер на Конзервативната партија од декември 2005 година. Прв пат бее избран за премиер во мај 2010 година, а на мајските избори во минатата година, извојува уверлива победа по што формира влада на конзервативците, прва по владата на Џон Мејџор.

Мнозинството Британци на вчерашниот референдум се изјаснија за истапување на Велика Британија од ЕУ, соопшти претпладнево британската Изборна комисија.

Како што јави Би-Би-Си, според резултатите од преброените гласови од сите избирачки окрузи, 17.410.742 избирачи или 51,9 отсто се изјасниле за излез на Велика Британија од ЕУ, додека 16.151.241 или 48,1 проценти гласале за останување на земјата во Унијата.

Одѕивот на референдумот бил 71,8 отсто, што претставува највисока излезност на некое гласање во Велика Британија од парламентарните избори во 1992 година.

Конечните резултати во Шкотска и Северна Ирска покажуваат дека мнозинството жители на овие покраини се изјасниле за останување на Велика Британија во ЕУ, додека за разлила од нив, жителите на Англија и Велс се изјаснија за Брекзит.

Неименуван помошник во кабинетот на британскиот премиер Дејвид Камерон денеска изјави дека по ваквата референдумска одлука, Велика Британија сега се наоѓа на „непозната територија“.

– Ние сега сме на непозната територија. Сите се многу уморни. Не сме спиеле, изјави неименуваниот претставник.

Во меѓувреме, лидерот на Партијата за независност на Велика Британија (УКИП), Нејџел Фараж изјави дека 23 јуни ќе биде запаметен во историјата на земјата како „ден на независноста“ и го повика премиерот Камерон да поднесе оставка.

Фараж додаде дека се осудува да сонува оти „зазорува независно Обединето Кралство“.

Според него, британското напушатње на ЕУ е „за доброто на цела Европа“. – Ќе изградиме нова Европа, како сојуз на суверени држави, кои ќе се дружат, ќе тргуваат и ќе соработуваат, порача Фараж.

Претседателот на сеирската националиситчка партија Шин Фејн, Деклан Керни пак утрово изјави дека одлуката на вчерашниот референдум, ја лишува британската Влада од надлежноста да ги претставува интересите на жителите на Северна Ирска.

Како што јави ТАСС, тоа, според него, ќе биде повод и за обединување на регионот со соседна Ирска.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

error: Содржината е заштитена со авторски права.