Следи нѐ
To Top

„ОД ТЕБЕ ЗАВИСИ“: Девет тимови од Скопје во борба против климатските промени

Овој викенд во Скопје, на климатскиот камп, 9 тимови ќе се натпреваруваат за награда од 10.000 долари за борба против климатските промени и поттикнување на урбаната отпорност.

Во април годинава, УНДП и УСАИД објавија предизвик до сите граѓани да предложат иновативни идеи за справување со климатските промени. Организиран во партнерство со Амбасадата на Шведска, Министерството за животна средина и просторно планирање, Милиеуконтакт Македонија и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, предизвикот има за цел да ги искористи талентите на граѓаните како поддршка во остварување на Глобалните цели за одржлив развој поврзани со климатски промени и одржливи градови.

реклама

DSC_1831

Повеќе од 60 идеи беа испратени за натпреварот, од кои 9-те најдобри се најдоа во потесниот избор за понатамошен развој.

1. Герила постојки за велосипеди
2. Мотори и автомобили што работат на компримиран воздух
3. Употреба на зеолити во борбата со емисиите на штетни гасови
4. Билборди за прочистување на воздухот
5. Re-Bot – Машина која рециклира пластика во супермаркети
6. Паметен енергетски чадор
7. It’s Air O’clock
8. ‘Мое дрво’
9. ‘Детектор на богатство’ за редуцирање цврст отпад

Матеј Плавевски е 13 годишно момче кое ги воодушеви судиите и ќе работи како специјален гостин на кампот, на развој на неговата идеја за употреба на дронови за општо добро.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.