Следи нѐ
To Top

„Stairway to Heaven“ сепак не е плагијат (ВИДЕО)

Суд во Лос Анџелес вчера одлучи дека песната „Stairway to Heaven“ на легендарната рок група „Лед Цепелин“ снимена на почетокот на 1971 година, не е плагијат.

Прочуената рок балада пред две години стана предмет на спор покренат од Мајкл Скидмор, застапник на сега веќе покојниот гитарист на групата „Спирит“, Ренди Вулф, кој е автор на инструменталната рок композиција „Taurus“ од 1967 година. Адвокатот, кој тврди дека „Stairway to Heaven“ е плагијат на „Taurus“, бараше отштета од еден милион долари, со камата.

Ренди починал во 1997 година. Додека бил жив не покренал тужба против „Лед Цепелин“, но често тврдел дека музиката му е украдена, и дека тоа треба да се признае.

Осумчлениот Арбитражен суд оцени дека пејачот на „Лед Цепелин“ Роберт Плант и гитаристот Џими Пејџ знаеле за „Taurus“, но Скидмор не успеа да ја докаже сличноста меѓу двете мелодии.

 

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.