Следи нѐ
To Top

Ленин Јовановски ја предаде сината штафета на хуманоста на првата дама на Македонија, Маја Иванова

Oтворен Центар за сензорна терапија за лица со аутистичен спектар на нарушувања на здружението „Во мојот свет“ во населба Аеродром.

Центарот е отворен под покровителство на сопругата на претседателот Ѓорге Иванов, Маја Иванова, а со финансиска помош на Амбасадата на Република Бугарија во Македонија.

реклама

Според Иванова отворањето на центарот е успешен пример за една конструктивна соработка помеѓу граѓанскиот сектор и државните институции.

– Мојата соработка со здружението „Во мојот свет“ трае веќе неколку години и денеска центарот ги отвора вратите за сите лица со аутизам, а посебно за децата со аутизам. Нашата цел беше да се обезбедат што посовремени и подобри третмани и терапии за децата со аутизам во Македонија. Сметам дека сите треба колку што можеме да помогнеме на ранливите, различните, а сепак еднакви категории граѓани во нашето општество, изјави Иванова.

Претседателот на здружението Здружението на граѓани за третман на лица со аутизам, АДХД и аспергеров синдром „Во мојот свет“ Златко Стојановски на денешното отворање додели благодарници на Маја Иванова, на амбасадорот Иванов, друштвото „Ноќни волци“ и други личности и компании за поддршката и помошта за остварувањето на проектот.

Исто така, штафетата од сина хартија во ролна која го започнува патувањето од Шпанија и патувајќи низ Европа како симбол на хуманоста поминува многу држави и километри, Ленин Јовановски ја примил на Денот на децата со аутистичен спектар на нарушувања 2-ри април 2016г. во Скопје од г-ѓа Виолета Совкаровска, и истата беше предадена на првата дама на Македонија, Маја Иванова.

– „На денот на отворањето на Центарот за сензорна терапија ја искористив можноста да таа штафета ја предадам на оној кој уште во првиот момент и без размислување се определив, а тоа е прекрасната жена, голем хуманист и која бескрајно ја почитувам г-ѓа Маја Иванова сопругата на претседателот н Република Македонија. И го оставив истиот аманет и таа понатаму да ја предаде на друг кој тоа го заслужува по нејзин личен избор.“ – изјави Ленин.

13494967_1317609161585798_5076203221235893431_n[1]

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.