Следи нѐ
To Top

Две лица избодени со нож во тетовска Палатица

Во Тетовската болница вчера околу 21:55 часот биле донесени повредени со нож И.Н.(47) и С.С.(31) од с.Палатица-Тетовско, каде што им била укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите (убодна рана во пределот на грбот ) И.Н. бил пренесен во Ургентниот центар Скопје.

Полицијата извршила увид во куќата на С.С., по што било констатирано дека С.Х.(55) од с.Анаркија-Сарај, кој бил на гости кај неговиот зет С.С. започнал вербална расправија со И.Н. при што С.Х. извадил нож со кој му задал удар на И.Н. во пределот на грбот додека С.С. при обид да му го земе ножот на С.Х. се здобил со расекотини во пределот на рацете.

реклама

По настанот С.Х. сам се пријавил во ПО-Групчин, по што бил извршен разговор. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.