Следи нѐ
To Top

Лиам Пејн и предложил брак на десет години постарата Шерил Кол

Пејачката Шерил Кол (32) и нејзиниот десет години помлад вереник, Лиам Пејн наводно се венчале, а гласините почнаа откако на нејзината рака светна голем дијамант.

Имено, на Шерил за неколку дена и е роденден, но од помладото момче веќе добила два скапоцени прстени, еден со црн дијамант и еден со црвен рубин, за кои се зборува дека се повеќе од роденденски подарок.

Да потсетиме, двојката почна да се гледа кон крајот на 2015 година, а првите гласини за љубовта се јавија неколку месеци подоцна. Во мај, двојката првпат заедно се прошета на црвениот килим со што потврдија дека се сериозни, а наводно веќе и живат заедно.

Но, иако разликата од десет години не претставува проблем, голем проблем може да направи нејзиниот поранешен сопруг Жан Бернар Версини, кој ангажирал најдобри адвокати за да дојде до дел од нејзиното богатство.

Пејачката и францускиот бизнисмен во брак издржаа 19 месеци и таа била иницијатор за разводот. Жан би можел да добие половина од нејзиното богатство, што изнесува околу 100 милиони фунти.

Претходно, убавата Британка беше во брак со фудбалерот Ешли Кол, кој ја изневерувал на сите страни.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.