Следи нѐ
To Top

Објавена снимка од моментот на експозијата на аеродромот во Истанбул (ВИДЕО)

Турските медиуми јавија дека нападите ги извршиле двајца бомбаши самоубијци кои пред локацијата за безбедносна проверка на влезот на меѓународниот терминал на аеродромот ги активирале експлозивите што ги носеле на себе.

Меѓутоа, според Шахин, во нападите учествувале тројца терористи.

реклама

Турскиот министер за правда Бекир Боздаг изјави дека според сознанијата со кои располага, еден од напаѓачите прво почнал да пука од автоматска пушка, по што се саморазнел.

Вториот напаѓач пак бил совладан од припадниците на службата за обезбедување, но откако го легнале на земја и тој се саморазнел.

Според медиумските извештаи, полицајците задолежни за обезбедување на аеродромот стрелале кон напаѓачите и „ги неутрализирале“.

Агенцијата Анадолија јави дека најмалку шестмина од повредни лица при нападите, кои се пренесени в болница, се наоѓаат во критична состојба.

Според непотврдени информации, истрели се слушнале и од паркингот на „Ататурк“, кој е најголем аеродром во Турција и трет најпрометен во Европа по лондонскиот „Хитроу“ и парискиот „Шарл де Гол“.

Електронското издание на весникот „Хуриет“ објави дека турскиот премиер Бинали Јилдирим наредил формирање кризен штаб во врска со нападите на истанбулскиот аеродром.

ТАСС претходно, повикувајќи се на изјави на очевидци, јави дека по експлозиите и истрелите што се слушнале на аеродормот, четири вооружени лица побегнале од аеродромската зграда, но оваа информација не е официјално потврдена.

Поради нападите „Ататурк“ и реонот околу него беа целосно парализирани, сите полети беа откажени, а авионите кои требаа да слетаат беа пренасочени кон други аеродроми. Патниците кои се ноѓаа на аеродромот во време на нападите се евакуирани од аеродромската зграда и се сместени во околните хотели.

Досега никој не презеде одговорност за нападите. Изминативе месеци во Турција беа извршени неколку терористички напади за кои одговорност презедоа џихадистичката група Исламска држава (ИД) или бунтовничката Курдска работничка партија (ПКК).

По нападите турските власти воведоа времена забрана за медиумски извештаи за случувањата на аеродромот.

Според соопштението на Високиот совет за радио и телевизија на Турција, забраната се однесува на пренесување на снимки од местото на нападите, на активностите на полицијата и лекарските тимови и на телата на жртвите, како и на пренесување неофицијални информации и изјави.

Европските лидери, кои се наоѓаат во Брисел на вонредниот Самит на ЕУ, ги осудија нападите на истанбулскиот аеродром.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.